×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец ги постави темелите на карпестата уметност во светот

    18.10.2010 11:23 | KumanovoNews

     Според Меѓународниот биографски центар од Кембриџ,  д–р Душко Алексовски  е на листата на стотте најпознати научни работници во светот.

    Кумановец ги постави темелите на карпестата уметност во светот

     Во своето дваесетгодишно неуморно истражување, Алексовски ги постави основите на карпестата уметност на Светско ниво, за што му доделен и сребрен медал.

    Решавачко за да биде прогласен за еден од најголемите умови на денешницата се должи на неговите последни истражувања за карпестата уметност, новите сознанија и фактот дека по четиристотини години е откриена тајната кое е тоа единствено писмо, еднакво за целата земјина топка. за кое се зборува во библијата.

    Со мојот реферат во 1998 година  во Португалија точно се определи кој е тој јазик.Тоа се писмените знаци во форма на куполи или вдлабанати полутопки кои се употребувале повеќе од 5000 години, рече д-р Душко Алексовски.

     Алексовки вели дека Македонија е лулка на сите заинтересирани истражувачи кои се занимаваат со историјата од ваков комуниколошки аспект.Поседуваме голем борј на слики и материјали кои датираат многу одамна, па затоа не го криеше задоволството дека токму во некоја од скопските општини ќе никне Светскиот центар на карпестата уметност. Од  оваа учебна година средношколците ќе можат да ја изучуваат лекцијата Карпеста уметност, а наскоро  и во високото образование ќе се воведе овој предмет.