×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец изработува уникатна резба на кожа

    05.09.2018 06:56 | KumanovoNews

     Кумановецот Вањо Костиќ (54) единствен на Балканот рачно изработува ледер крафтинг или уметничка резба на кожа.

    Кумановец изработува уникатна резба на кожа

    Овој редок занает го научил пред десетинае години во Америка, а сега, во своето атеље во Куманово, рачно прави најразлични предмети и сувенири од кожа, кои претставуваат вистински уметнички дела. Резбата на кожа била својствена за Индијанците, кои, за свои потреби, ја изработувале на ремени, футроли за пиштололи и за пушки, а ги украсувале седлата за коњи, чизмите и елеците што ги носеле. Од нив, ја преземеле Американците во Мексико, кои денеска, единствени во светот ја чуваат и негуваат традицијата. Вањо случајно дознал за овој занает, па одлучил да замине на курс во Америка.

       Најмногу учители за ледер крафтинг има во Аризона и во Канада, а обуката чини по 100 долари час. За да се совладаат основните вештини на резбарењето, мора да се поминат најмалку два месеци обука. Останата надоградба е низ работата и од стручната литература, а најмногу со посветеноста кон работата.

        „Ова е скапо хоби, бидејќи се работи рачно, исклучиво на природна кожа, која нема хемикалии и затоа чини двојно повеќе од обичната. Имам специјални алатки и ножеви за обработка, кои мора да се поседуваат за да се постигне саканиот квалитет„- вели Вањо.

    Вањо тврди дека за да се совлада овој занает, најважно од се е да се има трпение, но мора да се поседуваат и талент и љубов кон уметноста.

      „ Кога ќе почнам да работам се исклучувам од се околу мене. Останувам на едно место и по 9 часа, додека не го добијам финалниот производ каков што сум го замислил. Многу е важно да се има нерви, тука нема брзање. Кожата не е лист хартија и молив, па кога ќе се згреши да се избрише со гумичка. Мора да се работи полека, затоа што и најмала грешка прави големи оштетувања, кожата е многу тенка„ - објаснува Вањо.

    Резбата на кожа е иста како резбата на дрво, а разликата е само во матерјалот и техниката на изработка. Нема одредено време кога ќе се заврши една резба. Процесот може да трае од неколку час до неколку дена. Се зависи од мотивите и колку детали има во него. Ако цртежот е поедноставен и работата пократко трае, но постапката на обработка за сите е иста.

       „Замислениот мотив се црта на мокра кожа, а потоа се резба. Мора да се внимава со колкав притисок ќе се повлечат линиите за да не се пресече кожата. Откако ќе го изработам саканиот мотив, кожата се набива и се остава да се суши. Потоа се премачкува со посебна паста на кожа, а може и да се бојадиса. Оваа работа е многу тешке и бара многу труд„ - вели Вањо.

     Вањо најмногу изработува сувенири со различни мотиви, крстови, цвеќе, манастири, кожни перничиња, маски, лога на фирми, слики, привезоци за клучеви, ремени, елеци, паричници, мебел од кожа и апликации од кожа. Вели дека луѓето ја ценат неговата работа, но неможат да ја платат. Сите се воодушевени, но кога треба да се пласира производот нема некои значајни резултати. Тој сака ова свое хоби да го претвори во бизнис, и затоа воспоставува контакти со познати фирми во земјава и надвор од неа. Најголема подршка да успеее во неговата замисла му е сопругата Бети.