×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец извадил 180000 долари од сметката на жена си

    12.06.2010 12:43 | KumanovoNews

    Близу 180 000 американски долари нелегално се извлечени од експозитурата на Тутунска Банка во Куманово, од сметката на 34. годишна кумановка која времено работи во Авганистан.

    Кумановец извадил 180000 долари од сметката на жена си

    Парите ги повлекувал нејзиниот сопруг во договор со Директорот на подружницата и покрај тоа што жената претходно му го одзела полномошното зошто  почнал да го пречекорува договорениот месечен лимит на трошоци за семејството и парите немилосрдно да ги троши за ноќни забави во скопје. 

    Шефот на кумановската експозитура на Тутунска банка, според СВР Куманово, лично се потпишувал на налозите и им наредувал на шалтерските работници да ги исплатуваат парите од девизната сметка, на лице кое не е овластено за тоа.

    Средствата се повлечени во триесет наврати по околу 6000 долари за периот од неполни два месеци. Вработениот од банката кривично ќе се гони за злоупотреба на службените овластувања а 43. годишниот кумановец кој сторил измама, за потикнување на делото.