×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец на Фејсбук се заканувал на пратеници

    16.01.2019 15:18 | KumanovoNews

    Кумановец заработи кривична пријава затоа што преку социјална мрежа ја загрозил сигурноста на пратениците.

    Кумановец на Фејсбук се заканувал на пратеници

    Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Куманово презеде мерки и активности, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на А.Б.(36) од Куманово, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 , загрозување на сигурност и по чл.394-г ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, од Кривичниот законик на Република Македонија.

    По наредба на Основното јавно обвинителство- Куманово А.Б. вчера е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

    Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, најавуваат дека ќе продолжат со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.

    Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], - стои во известувањето на МВР.