×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец одгледувал и продавал дрога во Скопје

    11.06.2018 07:56 | KumanovoNews

    Кривична пријава и 30-дневен притвор му е одреден на  Д.З.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

    Кумановец одгледувал и продавал дрога во Скопје

    Полицијата во петокот околу 23 часот на улицата „Лазар Поп Трајков“ извршила легитимирање на пријавениот, при што кај него пронашла полиетиленска кеса со растителна материја.

    Потоа извршила претрес во неговиот домот каде привремено престојувал, при што биле пронајдени и одземени се: 147 саксии со Cannabis, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети  3,4 метилендиоксиметамфетамин(MDMA) психотропна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем класифицирани во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанци, потоа дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели.

    На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.