Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.Б.(58) од Черкеско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На 22.06.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле три пиштоли („Steyr Pieper Patent“ калибар 6,35 мм, „Crvena Zastava M 57“ калибар 7,62х25 мм и Smith & Wesson модел 422“ калибар 22LR) и 43 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.