×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец со научен труд учествуваше на меѓународен конгрес во Нови Сад

    02.11.2018 07:40 | KumanovoNews

     Слободан Величковиќ, од Куманово, минатата недела учествуваше на меѓународен конгрес во Нови Сад, Србија, со научниот труд „Позитивните и негативни страни од конзумирањето на црвеното месо“.

    Кумановец со научен труд учествуваше на меѓународен конгрес во Нови Сад

     Величковиќ, по професија е дипломиран земјоделски инженер, па поттикнат од секојдневниот тренд на конзумирање нездрава храна и црвено месо, се одлучил да напише научен труд за предностите и последиците на црвеното месо во исхраната.

    „Со овој научен труд аплицирав за учество на осмиот меѓународен конгрес „Исхрана  на иднината„  кој се одржува секоја година во октомври, во Нови Сад. Мојот труд беше одобрен од стручниот совет. На конгресот учествуваа 101 предавач од околните земји. Наредната година на истиот ќе земат учество и предавачи од Индија, Мексико и Либија. Несомнено е дека исхраната е најбитна за одржување на здравјето. Со овој свој научен труд сакам да аплеирам за воздржаност во конзумирањето на оваа намирница. Се препорачува умерено конзумирање, заради елементите кои ги содржи месото, а му се потребни на организмот за нормално извршување на функциите, - информира Величковиќ.

    Тој објаснува дека во групата на црвени меса спаѓаат: свинското, говедското, овчото, дивечот, патката и гуската, кое заради повисокото ниво на миоглобин, месото од овие животни е класифицирано како црвено.

    -Истото содржи голема количина на железо, креатин, минерали како што се: цинк, фосфор и Б витамините: ниацин, тиамин, рибофлавин, содржи и мала количина на витамин Д. Препорачлива дневна количина за конзумирање е 70 гр, додека 500 гр е максимална количина за конзумирање на неделно ниво.  Големите количини на железо и цинк во црвеното месо се достапни во облик кој е лесен за апсорбирање од телото. Црвеното месо конзумирано во големи количини предизвикува низа на болести, како што се: колоректален карцином, срцеви заболувања, го покачува нивото на холестерол во крвта, доведува до дијабетес, во најлош случај доаѓа до појава на смрт. Лицата кои имаат прекумерна телесна тежина не треба да внесуваат црвено месо во својот организам. Се надевам дека позитивно ќе влијаам врз свеста на граѓаните, да се придржуваат на горенаведените препораки. Особено треба да се избегнува индустриско преработеното месо, кое содржи во својот состав хемикалии, - објаснува Величковиќ.