×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец жртва на компјутерска измама, уплатил 46,6 илјади евра на лажна сметка

    16.11.2018 11:08 | KumanovoNews

    Кумановец уплатил аванс од 46.638 евра на лажна сметка на италијанска фирма за купување на машина за автоматско кроење.

    Кумановец жртва на компјутерска измама, уплатил 46,6 илјади евра на лажна сметка

     Трансакцијата ја извршил на 9 ноември годинава, па откако видел дека нема одговор од фирмата со која склучил купо-продажен договор, 33 годишниот кумановец, вчера случајот го пријавил во полиција.

    Тогаш е утврдено дека во добиениот мејл од италијанската фирма проследен со потпишан купопродажен договор се добиени лажни податоци за плаќање во странство, односно името на фирмата примач е точна, но информациите за банкарски детали и банката на примач се лажни.

    По извршениот телефонски разговор со лице претставник на фирмата оштетениот добил информации дека банкарски информации се неточни, а парите што се уплатени не се добиени на нивната сметка.

    Од страна на СВР Куманово се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.