×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово без културни манифестации за Денот на востанието

    10.10.2018 13:34 | KumanovoNews

    Градот првоборец Куманово не организира ниту една културна манифестација, по повод Денот на востанието и Денот на борецот.

    Куманово без културни манифестации за Денот на востанието

    Според програмата за одбележување на празникот „11 Октомври“ на Општина Куманово, предвидено е само полагање на цвеќе на Спомен костурницата, една саемска и три спортски настани.

    Во Куманово прославата трае само еден ден, со следниве содржини.

    Во 10 часот отворање на саемската манифестација Денови на мед, во 11 часот полагање цвеќе на Спомен костурницата, во 11 часот Турнир во пинг-понг во Гимназијата „Гоце Делчев“, во 12 часот Велосипедска трка низ Куманово и 14 часот Атлетска трка.

    Оваа година Куманово и Прилеп заедно ќе ја чествуваат 77 годишнината од почетокот на антифашистичката борба. Делегација на Општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, вечерва ќе присуствува на чествувањето во Прилеп, а утре градоначалникот Илија Јованоски со делегација на Општина Прилеп ќе дојде во Куманово.

    Во Прилеп прославата ќе започне во 18 часот со импровизиран напад на градот и импресивен огномет во центарот на градот пред Участакот. Во рамките на одбележувањето на „11 Октомври“ во организација на Центарот за современа ликовна уметноста (ЦСЛУ) три дена ќе се одржува фестивалот „Со Марко на улица“, а има и други културни и спортски настани.

     Додека од Општина Прилеп ветуваа богата програма што ќе трае една недела, во Куманово е многу скромно, па прославата не беше ни официјално најавена, а за заедничката прослава дознавме од прилепските медиуми.