×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие канцеларија за јавни услуги „Една точка за услуги”

    12.07.2019 08:14 | KumanovoNews

    Куманово е еден од првите градови во државата каде ќе започне реализација на проектот „Една точка за услуги”, со кој граѓаните на едно место ќе можат да добијат информации од 10 различни институции.

    Куманово ќе добие канцеларија за јавни услуги „Една точка за услуги”

    Канцеларијата за јавни услуги ќе работи на улицата „Доне Божинов“, во зградата на некогашно стопанство „Клечовце“, каде што предходно работеше Интернет клуб за граѓаните.

    Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот Максим Димитриевски, неодамна ја посетија зградата, при што најавија дека започнуваат подготовките за опремување на просториите предвидени за „Една точка за услуги“.  

    „Целта е да се укинат шалтерите и граѓаните на иста маса со административниот службеник да ги решаваат проблемите, и на едно место да добијат повеќе услуги. Граѓаните на едно место ќе се информираат за проблеми во: МВР, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, УЈП, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.На овој начин ги носиме услугите поблиску до граѓаните“, - информираат од Министерството за информатичко општество за Кумановоњус.    

    Во првиот пакет на проектот „Една точка за услуги” ќе бидат опфатени и Тетово и Охрид.

    „Куманово, ќе биде еден од првите градови каде овие канцеларии ќе започнат со работа, по што во повеќе фази ќе се отворат канцеларии во најголем дел од градовите во земјата“, - велат од Министерството.