×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе го добие местото што го заслужува, порача премиерот Заев

    25.03.2019 15:40 | KumanovoNews

    Под наслов „Фер општество, шанса за сите“, денеска во Куманово се оддржа трибина, на која учествуваа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

    Куманово ќе го добие местото што го заслужува, порача премиерот Заев

    Целта на трибините беше да се информираат граѓаните за работењето на извршната власт, соработката со локалната самоуправа, како и да се даде можност на граѓаните да постават прашања кои се во интерес на градот.

    „ Веруваме дека проблемите побрзо и поефикасно се решаваат кога се поблиску до граѓаните во делот на одлучувањето преку општините, општинските совети, локалните претпријатија, но и државата преку извршната власт има намера да биде директно или индиректно вклучена во надминување на тие проблеми. Главните теми ни се економијата, политичките аспекти, иднината, перспективите кои ги очекуваме. Дефинитивно нашата земја отвори сериозни, големи перспективи чија конечна цел имаме благодетите да ги почувствуваат граѓаните и веруваме дека токму така и ќе биде, -истакна Заев.

    Премиерот Зоран порача граѓаните да бидат спокојни, затоа што членство во НАТО  значи безбедноста на високо ниво, додека ЕУ нуди економски развој и проперитет на државата.

    „Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна. Куманово ни е востаните. Куманово ни е пркосот, Куманово е паталец низ минатото наше. Куманово давало жртви. Затоа Куманово знае колку е важно да градиме пријателство. Да споделуваме мир и да учествуваме во обезбедувањето на мирот. Куманово останало во меморијата колку е голема болката“, истакна Заев.

    Тој најави инвестиции во Општината и целиот регион за да го врати местото коешто го заслужува, пред се во локалната и регионална инфраструктура, но и во изградба на градинки, водоводната и канализациона мрежа, спортски сали.  Од оваа Влада Куманово досега добило 105 милиони денари

     Вицепремиерот Спасовски потсети дека Куманово во изминатиот период беше  неправедно дискриминирано, заборавено и избришан од картата на државата, меѓутоа сега му престои развој и просперитет за граѓаните.

    „Ние испланиравме проекти кои ќе се реализираа оваа година, кои се исклучително важни. Заврши реконструкцијата на патниот правец Старо Нагоричане – Пелинце од 10 км, остануваат уште 4 километри кои ќе бидат завршени до крајот на мај. Наскоро започнува реконструкција на патниот правец Куманово – Свети Николе, потоа и градбата на патниот правец Куманово – Страцин, а веќе се работи на експресниот пат Страцин – Крива Паланка – Деве Баир. Целосна реконструкција на патот Куманово – Никуштак, - истакна министерот.

    Спасовски уште посочи дека наскоро ќе започне и реконструкција на патниот правец Куманово – Опае, а на Општината и се доделени 20 милиони денари за инфраструктурно уредување на индустриската зона. Во завршна фаза е и спортската сала во село Черкези и веќе се започнати постапки за градба на нова спортска сала во  училиштето Наце Буѓони, како и други неколку инфраструктурни проекти во општина Куманово.