500x100-1
30. 04. 2010 14:26

Куманово ќе го одбележи Денот на Европа

Куманово ќе го одбележи Денот на Европа

 Денот на Европа-9 мај и Денот на победа над фашизмот,Локалната самоуправа и Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции ќе го прослави со повеќе активности. Во програмата ќе се  вклучат и Европско движење-огранок Куманово, основни и средни училишта и локалните младинските невладини организации.

 Програмата ќе ја отпочне  Ерван Фуере специјален претставник на Европската унија со официјална посета на Општината Куманово во понеделник во ново отворените простории на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции. Потоа амбасадорот ќе учествува на панел дискусија на тема „Македонија на патот кон ЕУ-предизвици и дилеми„ која ќе се одржи во Советот на Општината Куманово во зградата на поранешниот Комитет- вели Горан Митевски, раководител на Секторот за меѓународна соработка.

На 4 мај како дел од програмата се организира квиз во Техничкото училиште „Наце Буѓони„, а на 5,6,и 10 мај ќе се одржат интерактивна работилница „Учиме за нашата иднина-учиме за ЕУ„ во три основни училишта во градот.

 На 07 мај на градскиот плоштад во Куманово со почеток во 11 часот ќе се одржи голем хепенинг. На хепенингот ќе земат учество локалните младински невладини организации како и сите основни и средни училишта. Ќе бидат пултови со културно-уметничката програма со многу настани и музика.