×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе се збратими со Нови Сад

    12.11.2018 07:13 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Советот на Нови Сад, Здравко Јелушиќ, потпишаа меморандум за соработка, кој е прв чекор за збратимување на двата града.

    Куманово ќе се збратими со Нови Сад

    На свеченоста во Домот на занаетчиите во Куманово, присуствуваше и амбасадорката на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак-Томиќ, као и претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска.

    Амбасадорката Дивјак-Томиќ нагласи дека потпишувањето на меморандумот помеѓу Куманово и Нови Сад е уште една потврда за пријателството на двата народи.

     Куманово изминатите неколку денови со низа манифестации одбележа 74 година од ослободување на  градот, во присуство на бројни делагации на збратимени градови од земјава и соседството.