×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово дел од пилот проектот топол оброк за ранливите семејства

    13.01.2019 20:32 | KumanovoNews

     Куманово е еден од трите градови во Македонија каде што ќе се спроведува пилот-проектот топол оброк за социјално загрозените граѓани. Проектот ќе се реализира во следните 12 месеци за 510 социјално загрозени семејства, а ќе се искористува вишокот на храна обезбедена од пекари, ресторани и фирми.

    Куманово дел од пилот проектот топол оброк за ранливите семејства

    Оброците ќе ги готват лицата со попреченост неколку пати во неделата за лица кои имаат или немаат можност за самостојна подготовка на храна, лица во социјален ризик и стари и изнемоштени лица.

    Ова е „Сите сити“, најдобриот иновативниот модел  за искористување на вишоците храна избран на повикот „Предизвик за иновативно решение за обезбедување ОброкЗаСите“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за труд и социјална политика, што беше презентиран денес во прифатниот пункт за бездомници во Момин Поток.

    „Новиот систем ќе се заснова на поефикасно искористување на сите вишоци храна што во моментот, за жал, завршуваат на отпад. Во Македонија 30 отсто од храната се фрла, што ја става на високото 8 место во светот на земји кои фрлаат храна според бројот на жители. Во периодот што следи, Фондот ќе реализира повеќе други иницијативи во делот на социјалните иновации “, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

    Освен достава на храна, со овој модел се предвидува и кампања за подигнување на свеста на компаниите и граѓаните, прирачник за безбедна употреба на вишоците храна, воведување иновативна веб платформа која ќе ги поврзува бизнисите и граѓанските организации. Вишоците храна ќе се објавуваат на веб платформа и граѓанските организации ќе може навреме да ги превземаат, да планираат количини, лица и време на подигнување на храната.

    Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека со овој модел ќе се обезбедува храна за 3-4 пати повеќе граѓани отколку досега, и дека подготвуваат стратегија за социјално претприемништво како систем за развој на социјалните претпријатија во Македонија.

     На овој начин преку вложување средства и искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството. Министерството за труд и социјална политика подготвува Стратегија за создавање на социјално претприемништво како еко систем за развој на социјалните претпријатија во Македонија. Овие претпријатија ќе бидат од голема помош за државата, бидејќи ќе нудат социјални услуги на кои ќе биде купувач самата државата, но истовремено и ќе имаат обврска да вработуваат ранлива категорија лица со што ќе допринесат за процесот на инклузија на различните во општеството“, рече Царовска.

    Решението го изготвија неколку непрофитни организации предводени од „Ајде Македонија!“ и нивните партнери, Црвен Крст на Република Македонија, здружението за испитување материјали и развој на нови технологии АД (ЗИМ) и Дама-Л“ кое работи со лица со попреченост.

    Иновативниот модел чини околу 2 милони денари.