×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово доби 120.000 евра за подршка на невладините организации

    08.02.2018 14:16 | KumanovoNews

    Куманово е една од петте општините што ќе добие гран од 120.000 евра од УНДП за подршка на граѓанските здруженија.

    Куманово доби 120.000 евра за подршка на невладините организации

    Во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), градоначалниците на општините Куманово, Гостивар, Ресен, Кавадарци и Струмица, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон и претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини.

    Програмата, финансирана од Европската унија и кофинансирана од УНДП и од општините, овозможува поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живот за жителите на овие општини. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за општествена вклученост, родова еднаквост, човекови права и заштита на животната средина.

    Вкупниот износ кој е обезбеден за програмата е 845.000 евра или по 120.000 евра како грант ќе одат за секоја од општините.

    Според меморандумот секоја од општините треба да се залага за транспрентно доделување на средствата на организациите на граѓанското општество и да воспостави ситем на јавни повици, каде јасно ќе бидат дефинирани критериумите врз кои ќе се избираат граѓанските организации.