×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е Македонија во мало и затоа сме овде победници, порача Пендаровски

    15.04.2019 21:14 | KumanovoNews

    „Куманово е Македонија во мало и затоа ми e посебно задоволство што ја имам поддршката од вас, го започна својот говор пред кумановчани, кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски, на вечерашниот митинг во Куманово.

    Куманово е Македонија во мало и затоа сме овде победници, порача Пендаровски

    „ Со Зоки оваа битка ја почнавме пред 5 години, овде бевме победници, ја добив вашата доверба од сите граѓани од сите етнички заедници со концептот „Едно општество за сите“ и денеска го продолжуваме тој пат „Заедно напред“ и сакаме по победата на парламентарните избори, по победата на локалните избори да добиеме нов претседател кој нема да личи на досегашниот, кој за 8 години уста не отвори за стравичните злоупотреби на тогашниот режим, а во поседните две години правеше само опструкции на секој добар потег на Владата на нашиот евроатлански пат, - рече Пендаровски.

    Тој истакна дека по потпишувањето на договорите за соработка со соседите, со внатрешна кохезија и отворени порти кон ЕУ и НАТО, следната година ја смета за година на економски развој и странски инвестиции.

    „Триесет години наназад најголем проблем на земјата е економскиот развој и иселувањето на младите генерации. Златни деца изгубивме во овие 10-12 години на владеењето на фамилијата, а со отварање на европските врати имаме голема шанска да создадеме услови и да им дадеме шанса на младите да формираат семејство и својата среќа да ја бараат тука, во својата земја, - додаде Пендаровски.

    Тој ги повика граѓаните да не гласаат за другата политичка опција и за противкандидатот Гордана Сиљановска- Давкова, затоа што тоа ќе значи глас за продолжување на мандатот на Ѓорѓи Иванов, а ако гласаат за Христијан Мицковски гласот е даден за Груевски и враќање на режимот.

    Пендаровски апелираше до кумановци да не го разочараат и масовно да излезат на 21 април и 5 мај на изборите и да го заокружат бројот 3, да бидат пример за цела држава и со тоа да покажат дека се за европска, демократска и мултиетничка Република Северна Македонија.