×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го прослави 11 Октомври

    12.10.2010 07:55 | KumanovoNews

     Делегација од локалната самоупрва, градоначалникот,  Сојузот на борците, АРМ, јаваните установи, невладиниот сектор и претставници од политичките партии на Спомен костурницата на паднатите борци положија венци и цвеќе во чест на празникот 11 Октомври.

    Куманово го прослави 11 Октомври

     Пред присутните говор одржа претседателот на боречката организација, Среќо Поповски.

     11 Октомври е факелот со кој му укажуваме на непријателот дека не е добредојден и треба да си  оди од таму од кај што е дојден. На младината и порачувам, да не го забарава минато, да работи вредно и да го продолжи нашиот пат по кој тргнавме, патот кој води до слобода, благостојба и подобар живот за граѓаните - вели Среќко Поповски.

    Во името на Локалната самоупрва говореше претседателот на Советот на Општина Куманово, Виктор Цветковски.

     11 Октомври, 8 Септември, 2  Август тоа се датуми за паметење, битки кои што овој народ ги извојува, но остануваат уште многу битки кои Македонија треба да ги извојува. Македонија да ја интегрираме во прогресивните светски процеси, НАТО, Европска Унија тоа се битките што нашиот народ треба да ги извојува, а ние да веруваме дека тоа е идеал кој ќе биде остварен за многу брзо време-истакна Цветковски.

    Свеченоста на спомен костурницата беше збогатена со читање поезија од Народно-ослободителната борба.