×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го слави „11 Октомври“

    11.10.2018 08:07 | KumanovoNews

    Куманово, градот првоборец, денеска одбележува 77 години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.

    Куманово го слави „11 Октомври“

    Организираното востание против окупаторот за ослободување на земјата почнало со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година, а се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред.

    Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонија застанала на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја.

    Македонскиот народ самостојно се изборил за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг, како корпуси и дивизии.

    За време на окупацијата од Македонија биле интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеле врз цивилното население, земјата претрпела и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

    Денеска во 11 часот, Спомен костурницата ќе ја посетат бројни делегации и ќе положат свежо цвеќе. Во текот на денот ќе се одржат и повеќе спортски манифестации.