×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово град на културата во 2019

    08.03.2019 13:21 | KumanovoNews

    Општина Куманово годинава ќе биде македонска престолнина на културата. Една од причините поради која градот го доби ова признание е јубилејот 5 века постоење на Куманово.

    Куманово град на културата во 2019

    „Апликацијата на Општина Куманово за град на култура е прифатена од страна на Министерството за култура. Ова признание во тековната 2019 година се совпаѓа со големиот јубилеј на нашата Општина 5 века постоење на Куманово. Воедно сме известени дека на нашата апликација со вкупен износ од 15 милиони денари ни се одобрени вкупно 3 милиони денaри, поддршка за предвидените настани и манифестации, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес-конференција.

    Општината од својот буџет за културните настани ќе издвои 10 милиони денари, а ќе бара поддршка од владата на уште 15 милиони денари за реализација на сите проекти за достојно го одбележи јубилејот.

    Општината Куманово во програмата има предвидена богата културно - уметничка програма со разновидни содржини, посета на домашни и странски уметници, со над 40 проекти.

    Помеѓу поголемите настани е планиран театарската претстава „Ленче Кумановче“ од Васиљ Иљовски, неколку гостувања на Македонската филхармонија, опера и балет, неколкудневен фестивал за млади на отворено, возобновување на музичкиот фестивал на шегобијни песни „Тумба фест“, концерти на сериозна, забавна, детска и народна музика, традиционалните манифестации Денови на комедија, Тамбурашкиот фестивал, џез фестивал, колонии, изложби, поетски читања и др.