×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово наскоро ќе добие монтажна катна гаража

    08.10.2018 12:44 | KumanovoNews

    До крајот на годината ќе се постави монтажна катна гаража на паркингот пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ во Куманово.

    Куманово наскоро ќе добие монтажна катна гаража

    Градоначалникот Максим Димитриевски извести дека веќе е избран изведувачот на градежните работи, а договорот треба да се потпише во наредниот период.

    - Моите очекувања се дека некаде до крајот на годината ние ќе ја имаме реализацијата на првата катна гаража, монтажна катна гаража во форма на урбана опрема во централното градско подрачје пред Центарот за култура. Изведувачот којшто ја има добиено оваа работа час поскоро треба да ги заврши градежните работи за да можеме сите ние да ја користиме, а секако обврската на општината останува да плати за услугата, - изјави Димитриевски.

    Катната гаража кај Центарот за култура е една од трите гаражи, кои ги вети градоначалникот на граѓаните. Останатите две треба да се постават кај трговскиот центар СУ-МА и на т.н. „Берза“ зад  Централно-кооперативна банка.

    Со поставување на катните гаражи треба да се создадат повеќе паркинг места во централното градско подрачје, за да се ослободат тротоарите и коловозите од непрописно паркираните автомобили.