×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово започна аеросолизацијата за да го намали задувањето

    27.10.2019 08:11 | KumanovoNews

    Општина Куманово започна со процесот на аеросолизација или распрскување на вода во воздухот, за да се налами загадувањето во градот.

    Куманово започна аеросолизацијата за да го намали задувањето

    Ова уследи откако неколку вечери по ред се регистрира енормно загадување на воздухот, кое изнесуваше и до 1850 микрограми на метар кубен, што е 35 пати повеќе од дозволеното.

    Од Општината информираат дека причината за енормната загаденост е поради испуштањето на гасовите од согорување на мазутот во Кумановската болница, која се наоѓа веднаш до мерната станица.

    „Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во дворот на Кумановската болница, непосредно до котелот за затоплување. Анализата на информациите добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство, покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички“, - стои во соопштението од Општината.

    Од таму додаваат дека проблемот е детектиран и се преземаат соодветни мерки, проектната документација за изградба на траса до болницата со цел гасификација на градската болница е во завршна фаза и прашање е на денови кога ќе се спроведе.

    „Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на нашето разбирање за решавање на овој круцијален проблем и истото одвои одредени средства кои се потребни за инсталација односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас“- информираат од Општината.

    Проблемот со загадувањето на Куманово се провлекува со години наназад, но никако да се најде решение за проблемот.