×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановска делегација на конференција во Марибор

    16.04.2010 13:54 | KumanovoNews

     Делегација од кумановската локална самоуправа во понеделник заминува во Марибор на дводневна конференција за територијална соработка помеѓу државите од Западен Балкан.

    Кумановска делегација на конференција во Марибор

     Раководителот на Секторот за меѓународна соработка Горан Митевски  и поранешниот градоначланик Слободан Ковачевски ќе го претставуваат Куманово на конференцијата каде ќе учествува и делегација од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    "На дводневната конференција ќе се разгледуваат потенцијалите, можностите за соработка помеѓу државите и поедините региони"- информира раководителот на секторот,Митевски.

    Општинската делегација ќе ја искористи средбата да презнетира и проекти од областа на животната средина.

     "Планираме да го предложиме проектот за собирање на отпадни воид од сите рурални места од општината.Бидејќи, сме една од ретките општини која веќе имаат  пречистителна станица,се надеваме ,целосно да го заокружиме процесот на собирање на отпадните води"-вели Митковски.

    Кумановската делегација патува на покана на министерот за животна средина на Словенија.