×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановска освои две награди за фризури на меѓународен натпревар

    28.04.2019 20:11 | KumanovoNews

    Фризерка од Куманово освои две награди на Меѓународниот саем на фризури, кој минатиот викенд се одржа во Македонската опера и балет во Скопје, во организиција на Македонската фризерска асоцијација.

    Кумановска освои две награди за фризури на меѓународен натпревар

    Наташа Додевска (38), сопственичка на фризерското студио „Нате“, во силна конкуренција, освои втори места за изработка на невестинска фризура и фантазија фризура.

    „Ова ми е прво претставување на ваква манифестација и многу сум среќна што мојот труд е награден. Двете награди ми се многу драги и ќе ми бидат поттик за понатаму.  Нема тука да застанам, ќе продолжам да работам и да постигнам поголеми успеси. Откако го пробив ледот веќе правам планови за учество на други натпреварувања во Србија, Црна Гора“, - раскажува возбудена Наташа.

    На Меѓународниот саем на фризури, кој се оддржува по 18 пат, учествувале најдобрите фризери од Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија. Се натпреварувале во пет дисциплини: машко потстрижување, женско потстрижување, салон фризура, невестиска фризура и фантазија фризура. Наташа била единствената учесничка од Македонија, која се натпреварувала во две категории со невестинска и фантазија фризура.

    „Ова натпреварување е многу значајно за нас фризерите, бидејќи на тој начин го презентираме нашето знаење и креативност при изработка на фризури пред жири комисија и публиката. Според пропозициите имавте 15 минути да ја направиме фризурата фантазија на бина пред комисијата, а 40 минути ја изработив фризурата на невестата. Од нашата креативност зависи дали ќе се оплемени фризурата со некој додаток. Јас се одлучив да изработам шешир кој потоа го вметнав во косата. Се работи за рачна изработка за што ми требаше еда недела, а за целото натпреварување се подготвував околу од еден месец“, - дополнува Наташа.

    Таа вели дека искуството од натпреварувањето е непроценливо, бидејќи станува збор за единствен настан од ваков карактер, каде фризерите имаат можносност да се сретнат со колегите од другите земји, да разменат искуства, да воспостават соработка и да научат нешто ново.

     Студиото „Нате“ работи од 2001 година, а наскоро ќе отвори Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование.

    Сопственичката вели дека си ја сака работата, ужива и со многу љубов ја работи и покрај тоа што е одговорна. Им препорачува на младите и креативни луѓе, да се одлучат за занаетчиските дејности, затоа што има доста работа во градот и може добро да се живее од овие професии доколку посветено се работат.