×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница ќе добие центар за помош на жртвите на сексуално насилство

    13.03.2018 14:02 | KumanovoNews

    Во општите болници Куманово, Тетово и Клиниката за гинекологија во Скопје ќе се отворат центри за помош на жените жртви на сексуално насилство.

    Кумановската болница ќе добие центар за помош на жртвите на сексуално насилство

      Предходно здравствените работници ќе поминат обука за справување со последиците од овој вид на насилство, кои ги организира Министертвото за здравство.

     „Во наредниот период здравствените работници ќе добијат специјализирани обуки на тема „Насилство врз жени“ и „Клинички менаџмент на силување“. Министерството за здравство, како еден од клучните чинители во оваа сфера, подготвува протокол за обезбедување сеопфатен третман и нега при сексуално насилство“ - најави министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Независен весник.

    Во следните неколку години се планира да се отворат вакви центри насекаде низ Македонија.