×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница од ЕВН доби апарат за скрининг на слух на новороденчиња

    04.02.2019 16:12 | KumanovoNews

    Апарат за рана детекција на оштетувањата на слухот кај новороденчињата денеска доби Општата Болница Куманово.

    Кумановската болница од ЕВН доби апарат за скрининг на слух на новороденчиња

     Апаратот е прв од ваков вид во Кумановската болница и е донација од ЕВН.

    „Станува збор за апарат со којшто се прави анализа на слухот кај сите новороденчиња. Тоа е метода којашто се изведува во сите развиени земји, помага да се детектираат проблемите со слухот уште во најрана возраст непосредно полсе раѓањето,  а сето тоа значи дека раната детекција значи и рана интервенција со што се надминуваат и други компликации во развојот на бебињата, односно децата, а заради проблеми со слухот кои не се детектираат навремено“, - изјави министерот Венко Филипче, кој присуствуваше на предавањето на апаратот.

    Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева вели дека донацијата доаѓа во вистински раце, бидејќи како единствено родилиште во Североисточниот регион на годишно ниво, на гинеколошко-акушерското одделение има околу 1300 раѓања, а болницата опслужува 200.000 пациенти, од кои 10 насто се хоспитализирани.

     „Благодарни сме што еден ваков апарат за скрининг и рана детекција на оштетување на слух кај новороденчиња доаѓа токму во Куманово. Порано дечињата кај кои е евидентирано било какво оштетување на слухот биле упатувани во Скопје, било по приватните болници или во државната клиника. Вакви апаратчиња има донирано на Клиниката за педијатрија и во Чаир, а ние сме прва општа болница што добива ваков апарат“, - вели Захариева.

     Претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека во светот на бизнисот има едно правило, а тоа е дека само она што е мерливо е вистинско, а тоа важи и за медицината.

    „Бидејќи само ако имате начин да мерите нешто, така можете да знаете дали за тој проблем имате решение. И затоа ми е многу мило што по препорака на „Проект Хоуп“ успејавме да донираме опрема која што е наменета за детектирање на проблемите со слухот и се работи за високовалитетна опрема. Оваа апаратура недостасуваше во Болницата во Куманово, како и многу други потребни апарати, но затоа тука се останатите претставници од бизнис секторот коишто можат да се најдат и да помогнат во вакви цели“, - изјави Петер.

     Министерот и директорката покрај на компанијата ЕВН за несебичната поддршка се заблагодарија и интернационалната организација „Проект Хоуп“ во Македонија, која во континуитет го подржуваат здравствениот систем, посебно со проекти за зацврстување на капацитетите на родилиштатата.

    „Веќе трета година работиме во Македонија на Пери Мак проектот за намалување за натална смртност во Македонија. Ова е трета болница каде започнуваме да работиме и многу ми драго што почнуваме со оваа донација со помош на ЕВН, затоа што во иднина предвидуваме друга и разновидна опрема за болницата. Со овие донации не само што помагаме на родителите, туку и на целиот здравствен систем,- изјави Јан Ван Ден Берг од „Проект хоуп“

     Тој покрај во Скопје и Тетово најавија голема донација на одделението за гинекологија и акушерство во Кумановската болница.