×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница платила 380.000 евра за извршители и камати оти не плаќале навреме

    19.12.2018 21:12 | KumanovoNews

    Кумановската болница за две години платила 23,21 милиони денари или скоро 380 илјади евра како трошоци за извршување и камати за извршување од судски спорови кои против неа ги покренале доверителите, бидејќи во изминатите години селективно биле плаќани обврските за набавените лекови, медицински и немедицински материјал и реконструкција на градежни објекти.

    Кумановската болница платила 380.000 евра за извршители и камати оти не плаќале навреме

    Ова го утврди Државниот завод за ревизија при ревизијата на финансиските извештаи за работа на болницата од 2013 до крајот на 2017 година, пренесува порталот СДК.МК.

    Во извештајот стои дека долговите кои доспевале за набавени лекови и материјали низ годините болницата селективно ги плаќала, а не хронолошки како што доспевале и дека само на еден економски оператор по основ на неплатени обврски и камати за извршување му се платени 10,65 милиони денари.

    „Ненавременото плаќање на обврските доведува до судски спорови и плаќање на дополнителни трошоци за постапките и затезни камати, поради што поднесени се тужби од доверителите и исплатени се средства за камати за извршување и трошоци за извршување за период од 2015 до 2017 година во вкупен износ од 23.210.000 денари, што претставува 11, 6 отсто од вкупните обврски на општата болница заклучно со 31 декември 2017 година“, стои во ревизорскиот извештај.

    Од мај 2009 година до август 2017 година директор на болницата е Ариф Љатифи, односно од мај 2009 до февруари 2011 е вршител на должност директор, од февруари 2011 до април 2017 е директор, а од април до август 2017 година е вршител на должност. Од август 2017 година досега вршител на должност директор е Снежана Захариева.

    Ревизорите велат дека одговорното лице во болницата во текот на 2017 и 2018 година направило спогодба за отплата на долговите од изминатите години за да се избегнат дополнителни трошоци за извршување и камати од извршување.

    Според ревизорите нема финансиска евиденција на прием и потрошувачка на набавените лекови и потрошни медицински и немедицински материјали, а со тоа не се знаат ниту залихите од набавените материјали.

    Според ревизорите долговите на болницата постојано растат, односно од 2013 кога обврските биле 150 милиони денари, во 2017 година биле 200 милиони денари, или се зголемиле за 27 отсто.

    За една година долгот е намален за околу 450.000 евра, а истовремено купени се најнеопходните апарти за очното одделение, за физикална терапија, инхалатори. Општата болница Куманово е најголемата здравствена институција во Североисточниот регион која покрива околу 200.000 пациенти или 10 отсто од вкупната популација во Македонија.