×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската пожарна доби нови возила

    20.05.2010 14:29 | KumanovoNews

     Територијалната противпожарна единица во Куманово доби две нови противпожарни возила.На свеченоста по повод Денот на пожарникарите, денеска беа промовирани возилата, кои ќе ја подобрат ефикасноста на работата на пожарната служба во градот.

    Кумановската пожарна доби нови возила

    Од Владата добивме две возила од кои едното е наменето за гасење на пожари во урбани средини со капацитет е од 4000 литри, а другото за гаснење на отворен простор во шумите од 2000 литри. Се работи за современи, модерни и софистицирани возило, какави што немавме досега. Со нивната употреба нашата противпожарна единица ќе биде побрза и поефикасна во отстранување на пожарите -вели Дејан Илиевски, командир на територијална противпожарна единица во Куманово.

     Возилата за противпожарна заштита се стари околу триесетина години, така да овие две нови возила значат многу во справување со пожарите од поголем интензитет.

    Пред неколку години со донацијата од француската влада донекаде ги задоволивме потребите за противпожарна заштита на градот и во регионот.Гасификацијата во Куманово ќе допринесе да се зголеми опасноста од пожарите посебно во летниот период, па и обуката на противпожарната бригада ќе биде насочена кон превентивна заштита. Очекуваме да се обучат  нови, млади, способни и здрави луѓе со што ќе добиеме модерна единица за заштита од пожарите- рече градоначалникт Зоран Дамјановски.

    Според бројот на жителите Општината Куманово треба да ја опслужуваат околу 60 пожарникари,а има само триесетина вработени. Од нив десетина се со ограничени работна способност поради тежината и ризикот на работата. Од противпожарната единица се надеваат дека во наредниот период Владата ќе дозволи нови вработувања и буџетски средства за комплетирање на тимовите.

    На Денот на пожарникарите 20-ти мај, присутвуваа претставници од Локалната власт, советниците, МВР и други гости. Пожарникарите пред присутните демонстрираа дел од функциите на двете противпожарни возила.