×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската публика живее за Деновите на комедија

    08.10.2019 13:31 | KumanovoNews

    Кумановската публика живее за фестивалот Денови на комедија, сметаат актерите од Театар комедија од Скопје, кои синоќа ја играа претставата „Жени пред нервен слом“, на фестивалот.

    Кумановската публика живее за Деновите на комедија

    „Првпат гостуваме некаде надвор со оваа претстава и многу сум задоволен, мислам дека ги задоволивме апетитите на Куманово и публиката која го сака овој фестивал и живее за овој фестивал. Работевме доста забавно и мислам дека нема актер кој не уживаше во оваа претстава додека ја играме“, - изјави актерот Жарко Димоски.

    Кога станува збор за улогата на трансџендерот, кој ја игра Димовски вели дека било доста тешко да се одигра овој лик, но дека кога се сака се` се може и дека овој лик е лик кој го сака публиката.

    Задоволството од гостувањето во Куманово, не го криеше ниту актерката Марина Поп Панкова, која го играше главниот лик Пепа.

    „Секоја година кога доаѓам јас и се радувам на оваа публика затоа што навистина е посебна. Дојдена е да ужива и тоа ние го чувствуваме на сцена и затоа сме секогаш пресреќни кога играме на вашиот фестивал. Со оглед на реакциите на публиката и аплаузот после претставата мислам дека супер поминавме,“ - изјави актерката Панкова.

     Кумановската публика синиќа имаше можност да види како изгледаат жените пред и по нервниот слом, на алмодоварски начин.

    Во оваа претстава ја имаше токму опседнатоста на Алмодовар со црвената боја, која всушност е бојата на страста, љубовта и смртта. Актерот Жарко Димоски, преку ликот на трансџендерот, во црвениот фустан всушност ја невестуваше „црвената смрт“ која на човека му ѕирка од секој агол. Сериозна претстава, со комични елементи, која ја носи пораката дека е смешно колку човекот е мал пред големите чувства кои ги носи со и во себе.

    Претставата е во режија на Иван Лео Лемо. Играат: Жаклина Стевковска Дрнасин, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева, Кристина Ласовска, Марина Поп Панкова, Едмонд Сотир, Александар Вељановски, Илија Илиоски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Дритон Вејсели, Тони Денковски и Ева Давчева.