×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот музеј домаќин на прославата на Меѓународниот ден на музеите

    16.05.2019 13:20 | KumanovoNews

    Кумановскиот музеј утре ќе биде домаќин на прославата и советувањето „Музеите како културни средишта, иднината на традицијата“, по повод одбележување на Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај.

    Кумановскиот музеј домаќин на прославата на Меѓународниот ден на музеите

    На советувањето ќе присуствуваат претставници на сите музеи во државата. 

    „Свеченото отварање на манифестацијата ќе биде утре во 11 часот во Занаетчискиот дом, а потоа ќе се одржи советување на кое претставници од музеите од цела Македонија, со свое излагање ќе се обидат да направат линк помеѓу минатото и иднината, со цел да се подобри работата на музеите и да се валоризира културното наследство. Музеите како архивари на нашето богато културно материјално и духовно богатство на најдобар начин ни ја претставуваат традицијата преку артефакти, експонати и видео записи како трајни културни вредности, - соопштуваат организаторите од Кумановскиот музеј.

    Манифестацијата ќе ја отворат претставници од Општина Куманово и Меѓународните организации на ИКОМ и ИКОМОС, а во Меморијалниот Центар Пелинце ќе бидат доделени награди за музеј на годината, музејски проект, музејски работник и најдобар надворешен соработник.

    Меѓународниот ден на музеите е прослава што во светот од 1977 година па наваму традиционално се организира на 18 мај.