×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот совет заглави на ФИРОМ

    19.04.2018 10:48 | KumanovoNews

    Советниците од опозицијата на денешната седница не гласаа за две предлог-одлуки за поднесување на апликација и реализација на проекти од културата за прекугранична соработка со општина Дупница, Бугарија, бидејќи во документите на прoектот стои референцата ФИРОМ.

    Кумановскиот совет заглави на ФИРОМ

     Советниците Анета Шандева, Драган Петковски и Зоран Петрушевски, прашаа зошто во проектите на библиоткетата „Тане Георгиевски“ и “Фондација за култура“ не е ставено името на државата Република Македонија и побараа да не се подржат одлуките додека не се вметне уставното име.

    „Во името на граѓаните јас сум против оваа одлука. Куманово треба да завземе став и да ги отфрли сите проекти каде не се наведува уставното име на државата. Ние сме за многу сиромашни и не ни требаат ни тие пари ако си го продадеме името“, - тврдеше Петрушевски.

    Наспроти ова, советниците од позицијата сметаа дека барањата на опозицијата се политички и популистички и се однесуваат на прашање за кое Советот нема надлежност.

    Претседателката Атина Мургашанска се обиде да објасни дека називот на европската програма за прекугранична соработка е изготвен од самите фондови, а потпишан е од Владата на поранешниот премиер Груевски и дека локалните институции не можат да го сменат. Притоа потсети дека и предходната влада во изминатите 11 години ги користела и трошеле средствата од проектите од европските фондови, каде не стоело уставното име на државата, па тоа не им сметало на советниците од истата политичка партија, а сега сакаат се да застане и ништо да не се гради и напредува. 

    „Беспредметно е политичкото инсистирање и барање Куманово да се самоизолира на полето на културата и уметноста заради употреба на привременета референца ФИРОМ. Сите влади го користат ова име со ЕУ, НАТО и другите институции, затоа јас прашувам колку е искрено барањето за прекинување на учество на претпристапните фондови за проект. Да не покажуваме кој е поголем католик од папата. Да не расправема за нешто за што не сме надлежни“, - повика советникот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите.

    Жестоката расправа дополнително ја вжештиа следните две предлог-одлуки за проекти од Секторот за евроинтеграции за реконструкција на објекти во Куманово и село Пчиња, каде што стоеше уставното име на Република Македонија.

    Советниците од опозоцијата обвинуваа дека надлежните од библиотеката „Тане Георгиевски“ и Фондацијата за култура не си ја завршиле работата како што треба, наспроти Секторот за евроитеграции.

    Опозицијата гласаше за одлуката за реконструкција на градската куќа во Куманово, а по гласањето на четвртиот предлог за реконструкција на објектот во селото Пчиња од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ побараа 30 минутна пауза.

    На денешната седница на дневен ред се 53 точи, а за првите два часа советниците разгледаа само 9 точки.

    Беа усвоени точките за ЈП „Куманово-паркинг„ и за одлуките за аплицирање на проекти.