×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот театар го затвори фестивалот „Војдан Чернодрински“

    13.06.2018 07:16 | KumanovoNews

    Kумановскиот театар со изведба на претставата „Жена од минатото“ од авторот Роланд Шимелфениг, го затвори престижниот драмски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

    Кумановскиот театар го затвори фестивалот „Војдан Чернодрински“

    На фестивалот, кој е со натпреварувачки карактер, се прикажуваат драмски дела од светската драматургија, но особено внимание се посветува на македонското драмско творештво,   Кумановскиот театар настапи во ревијалниот дел, завчера на полноќ.

    „Организацијата на фестивалот беше на високо ниво и бевме пријатно пречекани. Имавме одлични услови за работа и престој. Огромно изненадување ни претставуваше тоа, што изведбата се случуваше на камерна сцена, која беше преполна, а дел од публиката стоеше. Добивме големи овации, но и коментари, дека изведбата на „Жена од минатото“ требаше да влезе и во натпреварувачкиот дел од фестивалот“ – вели Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

     Доминантни мотиви во драмата се: непостоењето на етичките основи, осаменоста, рушењето на духовното постоење на поединецот, како и влијанието на минатото врз иднината.

    Фестивалот се одржува во чест на основоположникот на македонската современа драма, а годинава се одбележа 53-та годишнина од фестивалот за драмска уметност „Војдан Чернодрински“, чиј домаќин традиционално е градот Прилеп.  Секоја година интересот за фестивалот е се поголем и е од посебен државен интерес.

    Инаку, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ поседува богата традиција, а воедно е единствен од ваков вид во Македонија финансиран од Министерството за Култура. Првото театарско прикажување е во организација на Здружението на драмските уметници на Македонија и датира во далечната 1965 година. До ден денешен фестивалот се јавува како водечки афирматор на македонската современа театарска уметност.

    (С.Трендевска)