Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со драмата "Недоразбирање" од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска, актерите на Театар Куманово, утре ќе настапат на познатиот камерен фестивал "Ристо Шишков" во Струмица.
"По многу голема пауза, оваа година, Театар Куманово учествува на фестивалот "Ристо Шишков", со претставата "Недоразбирање". Претставата ќе се игра на малата сцена со почеток во 22 часот, во НУЦК "Антон Панов", во Струмица“,- изјави Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура "Трајко Прокопиев", во Куманово.
Во драмата станува збор за семејните недоразбирања и индивидуалните желби на поединците. Ова е драма која покажува дека модерниот човек трчајќи по своите желби, заборава на суштината и љубовта. Почнува да тоне во "морето на бесмислата" и осаменоста, која како жива кал не му дозволува да излезе на површината.
Меѓународниот фестивал на камерен театар "Ристо Шишков" во Струмица се одржува по 27. пат. Во пет фестивалски вечери ќе се одиграат десет претстави од театри од Бугарија, Хрватска и Македонија, со учество на около педесетина актери.