×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските актери премиерно ја играат „Физика на тагата“

    06.07.2018 10:43 | KumanovoNews

    „Физика на тагата“ е новата претстава што вечерва премиерно ќе биде изведена во Кумановскиот театар.

    Кумановските актери премиерно ја играат „Физика на тагата“

    Претставата е во режија на  Милош Б. Андоновски, по романот на бугарскиот писател Горги Господинов. Темата е напуштање на луѓето и идеите, оставањето и тагата, а пораката е да се разбуди човечноста кај луѓето.

    „Имаме главна приказна на 7 научници-физичари кои се собираат во еден кабинет, бидејќи слушнале дека постои роман „Физика на тагата“, и се надеваат дека преку работа на романот и на приказните ќе дојдат до ново научно откритие во физиката. Но, на крајот доаѓаат до сознанија, кои не се откритија туку нешта кои се многу одамна заборавени, и всушност прават потсетување на тие нешта“,- изјави Милош Б. Андоновски.  

     Режисерот смета дека претставата многу лесно ќе допре до публиката, бидејќи клучот за да се разбере е сочувствувањето, токму за што зборува и роман на Горги Господинов, кој вели дека емпатијата може да го спаси светот.

    „Претставата е многу нежна, многу и смешно-тажна. Не е едноставно да се зборува за тагата. Мислам дека ќе биде многу искрена и било кој во публиката, во една од многуте приказни што ги имаме во претставта ќе има простор да се препознае. Бидејќи комуницираат приказните со сите луѓе. Темата е напуштање на луѓето и на идеите во повеќе аспекти, оставањето и тагата која произлегува од тие настани и тие случувања. Сите во животот сме се почувствувале барем по еднаш оставени“, - додава режисерот.

    Актерката Симона Димковска, која во претставата го игра научникот Георгиева,  вели дека идејата е да се разбуди човечност кај луѓето, да престанеме да се гледаме само себеси и да почнеме да ги гледнеме малку луѓето околу нас.

    „Сите актери играме по еден лика на научник. Мојот лик научникот Георгиева активира многу емпатија и ги потикнува колегите да не престанат со истражувањето за да одат понатаму и да го откријат она што на сите ни е добро познато, но малку подзаборавено, дека само преку емпатијата човек може да биде се. Себичноста го разобличува човекот исто како и тагата, но на еден поинаков начин“, - вели Димковска.

    Актерската екипа ја сочинуваат Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Јасмина Василева, Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимовска и Симона Димковска.

    Драматизацијата е на Ивана Нелковска, костимите се на Марта Дуфне, а сценографијата и плакатот го изработи Наташа Вчкова.

    Претставата е камерна, има капацитет за 80 луѓе во публика. Првично не било предвидено претставата да се затвори, но при процесот на работа режисерот сфатил дека доколку претставата се игра на голема сцена, ќе се изгуби магијата на приказната, која бара интима помеѓу актерите и публиката.

    Поради големиот интерес, по премиерата ќе има уште три изведби, утре, во недела и понеделник.