×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пазарџии протестираа против Законот за зелени пазари

    18.01.2019 12:00 | KumanovoNews

    Стотина пазарџии утринава излегоа на протест и не ги отворија своите тезги на Зелениот пазар во Куманово.

    Кумановските пазарџии протестираа против Законот за зелени пазари

    Незадоволни поради новиот Закон за зелени пазари, кумановските пазарџии побараа да се укинат лиценците кои ќе бидат дополнително оптоварување на нивниот скромен буџет.

    За дел од нив, како што посочуваат, пазарот е единствена егзистенција и  затоа бараат да се одложи или да се повлече законот.

    Според новиот закон, секој продавач мора да има лиценца за тезгите, која чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.

    Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат на пазар. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

    Во Куманово на Зелениот пазар има 712 тезги и продажни места, а на реонските пазари 106 места. Цената на закуп се движи од 15.000 до 42.000 денари на годишно ниво, во зависност од површината и местоположбата на тезгата.

    Од почетокот на годината во ЈП „Пазаришта“ нема склучен ни еден договор на закуп на тезга.

    (фото-Тв Плус)