×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пензионери ќе бираат ново раководство

    20.03.2019 07:14 | KumanovoNews

    Кумановските пензионери ќе бираат ново раководство откако на сегашното му заврши 4 годишниот мандат.

    Кумановските пензионери ќе бираат ново раководство

    На изборното собрание во петок ќе се изврши избор на претседател, потпретседател, членови на извршен и надзорен одбор, одбор за статут за правни прашања и двајца претставници за Сојузот на пензионери на Македонија. Секретарот на здружението го избира претседателот.

    „На собранието ќе учествуваат 35 делегат кои како членови на собранието се меродавни да извршат избор на новите органи кои треба да го претставуваат Здружението на пензионерите во наредниот мандатен период. За разлика од предходните години кога се спроведуваа избори, овој пат имавме неверојатно голема динамика и голем интерес за носители на одговорните функции во здружението. Има предлози од ограноците на пензионерите за одделни личности, но посебен фаворит не се истакнува“,- изјави досегашниот претседател Спирко Николовски, кој два мандати го водеше Здружение на пензионери Куманово.      

    Неофицијално, најсериозни кандидати за претседателската пензионерска фотеља се Јасмина Тодоровска и Благе Јакимовски.

    Здружението на пензионери Куманово е најголемо здружение во државата со околу 15.000 пензионери.