×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските стечајци пред Влада

    02.03.2010 16:38 | KumanovoNews

    Околу 300 стечајни работници од Куманово со пет автробуси заминаа на протестите пред Влада. Штрајкувачите со своите колеги од другите градови,пеш ќе прошетаат по улицата кон Бит-Пазар и преку мостот Гоце Делчев ќе протестираат пред зградата на Владата.

    Кумановските стечајци пред Влада

     -Очекуваме масовни протести.Највено е дека пред Владата ќе има 1500 обесправени работници.Ќе стоиме пред Владата се додека не држат нозете, се додека не се појави Премиерот Груевски и не прими на разговор и конечно најде решение за нас.Воедно сакам да им се извинам на сите оние кои ќе останат, бидејќи не бевме во можност да обезбдиме повеќе автобуси-изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на УНИТ.
    Работниците кои денска тргнаа кон Скопје, велат дека оваа е последната мерка на која се одлучиле и овој пат се надеваат дека нивниот труд ќе вроди плод.
    -Јас веќе 5 години сум стечаец, веќе сите надежи ги изгубив, но треба да се живее некако, вака не оди. Затоа ќе одиме на протести, немаме веќе што да изгубиме -вели еден стечаец од ЗИК.
    Доколку, денеска од Владата не наидат на разбирање и никој не ги приме да ги слушне барањата на стечајците, тие најавуваат порадикални чекори.