500x100-1
08. 11. 2019 15:00

Кумановските угостители од вечерва со продолжено работно време

Кумановските угостители од вечерва со продолжено работно време

Кумановските угостителски објекти, од вечерва па се` до неделa ќе работат со продолжено работно време.

Согласно со одлуката на Советот на Општина Куманово, во рамките на одбележувањето на 500-годишнината од постоењето на градот, угоститеските објекти ќе работата дополнително два часа.

Советот на Општината има право, за одредени туристички манифестации и содржини кои се предвидени во годишните програми, да го продолжат работното време на угостителските објекти најмногу за два часа, и најмногу три дена.