×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажна вест е дека дете е грабнато од центарот на градот, информира Кумановската полиција

    02.03.2019 14:41 | KumanovoNews

    Нема случај на грабнување на дете во Куманово, информираат од СВР Куманово.  Од таму велат дека  лажна вест е информацијата за грабнување на дете во самиот центар на градот, поточно во близина на црквата „Св.Никола“, што неодговорни поединци ги шират на социјалните мрежи.

    Лажна вест е дека дете е грабнато од центарот на градот, информира Кумановската полиција

    „Секторот за внатрешни работи Куманово најостро ги демантира дезинформациите и лагите за обид за грабнување на дете во самиот центар на градот поточно во близина на црквата „Св.Никола“, што неодговорни поединци ги шират на социјалните мрежи. Ваков случај нема ниту на оваа локација ниту било каде на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести и дезинформации, со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност. Да се информираат само од проверени извори на информации, - стои во соопштението од Кумановската полиција.

     Од Секторот за внатрешни работи Куманово, додаваат дека стојат на располагање за било каква информација со цел да спречи ширењето на лажни вести.