×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП слави 22 години постоење

    18.04.2019 07:18 | KumanovoNews

     Либерално демократската партија (ЛДП) одбележува 22 години постоење на македонската политичката сцена.

    ЛДП слави 22 години постоење

    Во изминатиот период партијата се изгради во сериозен и  релевантен политички субјект, кој даде голем придонес во развојот на демократијата и целокупното македонско општество.

    „За 22 години се изгради една конзистентност во политиката, секогаш бевме на страната на либералните идеи, независно дали настапувавме сами или во коалиција. Се залагавме пред се да ги заштитите интересите на граѓаните и на бизнис секторот, затоа што сметаме дека со развојот на економијата преку малите и средните претпријатија ќе дојде до развоја на целокупното општество, а со тоа сметаме дека единствено така ќе се зголеми вработувањето и реално платите во приватниот сектор. Истовремено од почетокот се залагавме за европските вредности, слободен пазар, отворени граници, слободен пристап до информации, слободни медиуми итн.“,- вели Ивица Костовски, претседател на општинската организација на ЛДП.

    Од партијата велат дека се третата политичка партија по стаж во македонскиот политички блок, но и единствена партија во Македонија која на централно ниво била најдолго во опозиција, дури 16 години, што покажува дека никогаш не оделе против своите принципи и по секоја цена да бидат на власт. Посебно го истакнуваат учеството во Шарената револуција, како своевидна борба за владеење на правото и правдата.

    „Нашата агенда секогаш била и останува влез во ЕУ и НАТО и нема отстапување од тоа, - истакнува Костовски.

    ЛДП на локално ниво веќе 22 години е составен дел од владејачката коалиција на СДСМ и голем дел од нивните идеи се имплементирани во развојот на Општина Куманово.

    „Ние имаме само еден советник во Советот на Општина Куманово и немаме некоја моќ да одлучуваме сами, но сите позитивни одлуки ги поддржуваме, а за оние кои мислиме како либерал-демократи дека не треба да се донесат не даваме поддршка. Веќе 12 години немаме раководно место во јавните претпријатие и со тоа е намалена можноста да ги реализираме нашите програмски цели“, - додава Костовски.

    ЛДП сите овие години се залага за една изборна единица и отворени листи, затоа што смета дека само на тој начин помалите партии ќе добијат рамноправен простор во изборниот процес и ќе се избегне црно-белата опција што во последните години е присутна во Македонија, и ќе се постигне разноликост во парламентот и општинските совети.

    ЛДП е членка на Европската партија на либерали, која го освојува политичкиот простор во Европа и е втора по застапеност во Европскиот парламент.