×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП засади јасени во паркот кај „Туш“

    14.04.2018 20:16 | KumanovoNews

    Членови и симпатизери на Либерално-демократската партија- општински одбор Куманово, денеска засадија јасени во паркот кај „Туш маркет“. 

    ЛДП засади јасени во паркот кај „Туш“

     Еколошката акција се организира по повод 21. роденден на партијата.

    „Денешната акција за озеленување на Куманово се вклопува во нашата програма, а тоа е чиста и здрава животна средина за сите граѓани. Засадивме 21 дрвце на оваа локација, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“, - изјави претседателот Ивица Костовски.   

    ЛДП е една од најстарите партии и на македонската политичка сцена постои 21 година и по тој повод традиционално како и секоја година, по повод роденденот се организираат повеќе активности.

    „ За Велигден однесовеме велигденски јајца и слатки на дечињата со попреченост во дневниот центар „Порака наша“. Во наредните денови ќе ја организираме и традиционалната крводарителска акција, а во среда во партиските простории ќе се одржи свечена седница на општинскиот одбор на ЛДП на која ќе присуствуваат месните одбори и сите структури на партијата. Со тоа ќе го завршиме роденденските активности и празнувања“, - додаде Костовски.