×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лекарите од Филип Втори одржаа предавање на своите колеги

    04.02.2011 16:33 | KumanovoNews

    „Дијагноза, третман и современ пристап во кардиоваскуларната хирургија„ беше тема на денешното стручно  предавање во Куманово што го организираше Здружението на лекари по општа медицина на Република Македонија, во соработка со Специјалната болница Филип Втори.

    Лекарите од Филип Втори одржаа предавање на своите колеги

    Со ваквите предавања лекарите од Филип Втори вршат едукација на лекарите од повеќето градови, како да се подобри нивото на згрижување  на тешко болните пациенти.Преку 300 предавања стручниот тим од Филип Втори досега реализирал во Република Македонија. Доктор Жан Митрев препорачува ова да го практикуваат и останатите болници и институции, бидејќи претставува директно пренесување на искуствата во секојдневната пракса, а е од особена важност за пациентите.

    -Пристапуваме мултидисциплинарно,секој од свој агол го презентира проблемот и на тој начин се овозможува едукација на докторите кои всушност се среќаваат со овие пациенти секојдневно, бидејки оваа патологија е многу честа и е животно загрозувачка.Ако пацинетите не се навреме откријат и дијагностицираат често завршуваат или со тешки инвалидитетите или смртно - изјави, д-р Митрев, директор на ПЗУ „Филип Втори“.