500x100-1
10. 02. 2010 14:00

„Лесново 2009“ во Куманово

„Лесново 2009“ во Куманово

Утре вечер во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложба на слики од 18-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2009“.

На изложбата ќе учествуваат: Владимир Темков, Маја Анастасова, Доротеј Нешевски, Горан Ѓорев, Ѓоко Антониев, Дејан Марков, Ивица Николов, Зоран Арсовски, Ана Милетиќ и Маја Крстева.

Се работи за млади ликовни уметници,сликари и скулптори, кои сликаат со акрилни или маслени бои на платно кои беа сместени во реновираните простории на Основното училиште „Лесново“. Тоа престанало да работи уште во 60-тите години на XX век, а просторијата за сликање е училница со сочувани стари клупи за учениците, како и постојаната поставка на етнографски предмети од тој крај, која евоцира една впечатлива народна традиција.

Ликовната колонија „Лесново“ е основана 1992 година од Домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип а се одржува во Лесново. Во Домот се чуваат над 300 дела од познати македонски уметници како и млади сликари, графичари и скулптори кои своите први самостојни обиди во ликовната уметност ги направиле токму на оваа колонија.

Изложбата се организира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип, а ќе биде отворена 23 фебруари. Почетокот е закажан за 19.30 часот

„Лесново 2009“ во Куманово