×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица го одбежела 11 Октомври на Менкова колиба и Студена Вода

    12.10.2018 07:37 | KumanovoNews

    Левица ЛО Куманово, го одбележа 11 Октомври на локалитетите: Менкова колиба, Студена Вода и на споменикот посветен на Козјачкиот партизански одред во село Малотино.

    Левица го одбежела 11 Октомври на Менкова колиба и Студена Вода

    - Левица одбива да учествува на репетитивната и формализирана централната прослава на 11 Октомври на Спомен костурницата, организирана од страна на власт која ги негира и оспорува  асномските слободарски принципи. Сметаме дека ваквиот начин на одбележување ја намалува историска смисла и важност, и претставува узурпиран настан претопен во чиста формалност и баналност, лишен од секакви идејни врски со асномските идеали, - соопштуваат од Левица.

     Од Левица потсетуваат дека на 11 Октмоври 1941 година, пред 77 години, македонските партизани, здружени сите етникуми во единствени партизански одреди, организирано кренале востание против фашистичките окупатори, борејќи се во името на слободата, еднаквоста и социјалната правда. Во овие први никулци на вооружениот отпор против непријателите, особено сѐ истакнале кумановските партизани организирани во Козјачкиот и Карадачкиот партизански одред. Дветте единици биле разбиени многу бргу, само по неколку дена, но идеите и стремежите на оваа генерација првоборци се преобразија во мотиви и насоки за иднината и останале длабоко врежани во историската свест на подоцнежните генерациите.