×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица го поддржува протестот за чист воздух во Куманово

    15.11.2018 10:29 | KumanovoNews

     Политичката партија Левица дава подршка на граѓанската иницијатива за организирање протест поради загаденоста на воздухот, на кој ќе се побара од надлежните што побрзо да најдат решение за проблемите со воздухот во Куманово.

    Левица го поддржува протестот за чист воздух во Куманово

    - Ги повикуваме сите граѓани на Куманово масовно да излезат на овој мирен протест и да пратат јасна порака до градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и до Владата, дека овој проблем мора под итно да се реши. Членови на Левица ќе учествуваат индивидуално на протестот, а како партија ќе ги искористиме сите демократски и институционални механизми за да извршиме притисок врз локалната власт итно да го спречи загадувањето, - стои во соопштението од партијата.

    Од таму додаваат дека Општина Куманово, и годинава руши рекорди во поглед на загаденоста на воздухот во градот, помеѓу другото и затоа што проблемот со загадениот воздух бара да биде третиран преку целата година, смислено и плански, а не само во зимските денови кога проблемот ќе стане актуелен.

    Тие ги потсетуваат локалните власти дека во предизборната програма ветувале и тврделе дека ќе обезбедат чиста и здрава вода за пиење и чист воздух, зашто тие се клучни за здравје и за животот.

    - Затоа ги советуваме градоначалникот и Советот на Општина Куманово да консултираат експерти во оваа област со цел да предземат итни мерки за да го спречат загадувањето, - предлага Левица.