×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ликовна работилница за намалување на предрасудите кон Ромите

    03.11.2018 12:24 | KumanovoNews

    Националниот ромски центар(НРЦ) во рамки на кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите“ и одбележување на денот „Ромска Гордост“, организираше ликовна работилница на која учествуваа над 200 ученици од основните и средни училишта од Куманово.

    Ликовна работилница за намалување на предрасудите кон Ромите

    Учесниците имаа можност на памучни маици да испишат пораки, цитати, слогани или да сликаат, со кои ќе се влијае на намалување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

    - Учениците преку уметноста покажуваат на кој начин гледаат на дискриминацијата и предрасудите и како превентивно да се делува за да се подобри мултиетничкиот концепт на живеење. Мене ми особено драго што моите колеги и професорите од основните и средните училишта во Куманово, кои е познат во Европа и во светот како мултиетнички град, допринесуваме за позитивен развој на соживотот, ја испраќаме пораката дека всушност сите негативни појави го оптоваруваат секојдневието и соживотот, а дружењето и комуницирањето, уметноста, натпреварувањето и креативноста, даваат надеж дека имаме иднина и за нас и за новите генерации,- изјави Ашмет Елезовски, директор на НРЦ.

      Кампањата е поддржан од програмата на Советот на Европа, а активностите започнаа на 15 август и ќе трајат до 15 декември 2018 година.На завршниот настан се очекува учество на  над 500 ученици.

    Вакви работилници се релизираат во повеќе европски градови, со цел да се испрати порака за намалување на погледите на нетолеранција, дискриминација и расизмот кон Ромите.

     „Ромска Гордост“ е кампања преку која се манифестира еднаквост и достоинство во повеќе земји во Европа, со цел да се поттикнат младите да се борат за својата иднина и да го искористат правота на добро образование, кое ќе им овозможи да го најдат својот пат, да го обликуваат сопствениот живот, без ограничувања наметнати од расизмот.