×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково ќе се развива со европски пари

    22.03.2010 15:21 | KumanovoNews

    Во рамките на проектот за промовирање на евроинтегративните процеси и бенефитите што може да ги добијат општините, претставници од Секретаријатот за европски прашања и министерите за локална самоуправа и за труд и социјална политика Муса Џафери и Џељал Бајрами во придружба на холандската амбасадорка Симоне Филипине, денеска ја посетија општината Липково.

    Липково ќе се развива со европски пари

    При тоа беше посочено дека Општината може да аплицира за проект за водоснабдување.

    Во рамките на проектот за промовирање на евроинтегративните процеси И бенефитите што може да ги добијат општините,претставници од Секретаријатот за европски прашања и министерите за локална самоуправа и за труд и социјална политика Муса Џафери и Џељал Бајрами во придружба на холандската амбасадорка Симоне Филипине, денеска ја посетија општината Липково. При тоа беше посочено дека Општината може да аплицира за проект за водоснабдување.

    Општината Липково граничи со Србија и Косово, поради тоа може да ги користи и средствата од компонентата за меѓугранична соработка. Од тука може да се аплицира за средства за изградба на патот Слупчане - Белановце, што ќе значи поврзување на Куманово и Липково со Гњилане од Косово. Токму користењето ан овие средства како и средствата од националните фондови ќе овозможат побрз локален економски  развој, а со тоа се намалува и можноста за заминување во странство - додава министерот.

    На средбата амбасадорката Филипине ги информираше локалните власти за можностите за користење на средствата од претпристапните фондови, каде на Македонија и стојат на располгање десетици милиони евра од претпристпаните фондови.

    Општината Липково е рурална општина и може да ги користи средствата од програмата за рурален развој - вели амбасадорката.

    Што се однесува до миграциите на жителите од липковско во Белгија, а не во Холандија, амбасадорката смета дека станува збор за традиционални навики на етничките Албанци да заминуваат во Белгија, Германија и Швајцарија, за разлика од Македонците кои ја преферираат токму Холандија.