×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Литија во чест на Свети Никола

    19.12.2018 22:04 | KumanovoNews

    Здружението на граѓани „Коледари“, со поддршка на свештенството од Кумановско-осоговската епархија денеска организираше литија во чест на празникот Свети Никола.

    Литија во чест на Свети Никола

    Верниците тргнаа од Соборниот храм Свети Никола и пеејќи црковни песни поминаа низ центарот на градот и завршија на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

     - Во духот на традицијата Здружението на коледари покрена иницијатива, и со благослов на владиката Јосиф, за првпат организиравме ваква литијата. Се работи за возобновување на традицијата на еден од поголемите празници во градот Свети Никола, кој е семеен празник на голем број наши сограѓани. Затоа дојдовме на идеја да организираме една ваква манифестација и задоволни сме од одзивот на граѓаните, но се надевам дека од година во година бројот ќе биде многу поголем,- изјави Мирослав Доневски, претседател на Здружението Коледари.

    Здружението Коледари најавува дека литијата за Свети Никола ќе стане традиционална.

    Коледари веќе ги започнаа и подготовките за Бадник, па по тој повод на 22 декември во сабота организираат сечење на бадникови гранчиња во селото Четирце.