500x100-1
10. 02. 2010 11:54

„Љубовна магија“ победи на „Вешта жена“

„Љубовна магија“ победи на „Вешта жена“

Анета Илиќ е овогодинешна победничка на манифестацијата „Вешта Жена„, што по 17 пат се одржа во Куманово. Во силна конкуренција најмногу гласови од публиката и жирито освои масата наречена „Љубовна магија“.

Се што подготвив беше со многу љубов и голема инспирација. Аранжирањето на масата, главното јадење и тортата беа во знакот на љубовта и затоа ги посветив на моите сакани, сопруг и синот - вели Илиќ.

Квалитетот на храната и вкупниот впечаток го оценуваше стручно жири, но гласаше и публиката. Пропозициите предвидува оценување во седум дисциплини и тоа: декорирање на главно јадење, торта и салвети, аранжирање на икебана, сервирање на маса и вкусот на јадењето.

Оваа година беше силна конкуренција, бидејќи другите учеснички беа професионални готвачи што имаат свои фирми или се занимаваат со кулинарство и кетеринг и имаа поголемо искуство од мене. Јас посебно сум среќна што публиката гласаше за мене, а потоа и жирито - вели Илиќ.

Нејзината љубов кон кулинарството се родила кога се омажила, почнала да готви за своето семејство и да внимава на здравиот начин на исхрана.

Ги повикувам сите жени кои имаат талент да се пријават на натпреварувањето, бидејќи е многу пријатно и ново искуство за секоја жена што го сака кулинарството. Интересно е што последните години се почесто се пријавуваат млади жени, кои ја продолжуваат традицијата и подготвуваат традиционални јадења - вели победничката.

Таа признава дека најголем потик за да се пријави на натрпеварувањето и дала минатогодишната победничка Роза Поповска, која и била и најголема подршка во подготовките.

Учесничките добиле патување во Виена и награди од организаторите и спонзори.

Победничката ќе го претставува градот на републичкото натперварување на "Вешта жена" во Tетово.

„Љубовна магија“ победи на „Вешта жена“