500x100-1
26. 02. 2010 16:59

Локалната администрација поблиску до европските пари

Локалната администрација поблиску до европските пари

  Локалната администрација денеска присуствуваше на третата работлиница за изработка на проекти со кои Општината ќе аплицира за средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ.

-Проектот за обука на администрацијата е првиот чекор до пристапот до европските пари.Занеме дека е изготвена програма на ниво на Евопрската унија ИПА-2007-2013 во која Македонија како земја -кандидат за влез, може да аплицира за одредени проекти. Само 17 милиони се искористени од предвидените 370 милиони евра за развој на нашата држава.За таа цел ние како најголема Општина мораме да се подготвиме и да се интегрираме во процесот-вели Горан Митевски, раководител на Секторот за Ево-интеграции во Општина Куманово.

Обуката ја врши Константин-Кос Иванов, експерт за ИПА фондовите, кој ги објасни петте компоненти, како и начинот на кој се аплицира за проектот, неговата подготовка и реализација.

Една од забелешките на Европската Унија беше дека македонската администрација нема доволно капацитети за реализирање на ИПА-програмата.
-Токму поради ова не смееме да си дозволиме да стоиме во место, потребно е да покажеме воља и секако резултати. Од друга страна не е само да аплицираме за проект, туку потребно е да покажеме дека можеме одговорно и наменски да ги трошиме програмираните пари, за да не ни се случи замрзнување на средставата како што имаве еден пример кај соседите-изјави тој.

 Проектот се реализира со помош од Италијанската Влада, а општиинската администрација заедно со сите сектори брои околу 170 вработени.

Локалната администрација поблиску до европските пари