500x100-1
22. 10. 2010 14:58

Лопате ќе добие канализација

Лопате ќе добие канализација

 Жителите на селото Лопате  наскоро ќе добијат канализациона мрежа. Во тек се работите на изградбата на канализациониот вод во должина од 1.9 километри.

Работата започна пред еден месец, но имавме одредени прекини поради лошите временски услови. Досега се изградени околу 300 метри и се надевам дека наскоро ќе го завршиме. Проектот чини 4.3 милиони денари и е финансиран од буџетот на Општината - вели Виктор Божиновски,директор на ЈП „Водовод„.

Покрај во Лопате екипите на јавното претпријатие работат и на улицата „Никола Вапцаров„, и на водоводната мрежа на Пчински пат.

Лопате ќе добие канализација